Instagram ја претстави новата безбедносна проверка за сите луѓе чии профили се веќе хакирани. Корисниците со претходно загрозени налози ќе видат прашалник кога ќе се пријават и ќе бидат прашани дали сакаат да почнат безбедносна проверка.
Функцијата ги води корисниците низ безбедносни чекори, вклучувајќи и потврдување на друг профили кои делат информации за пријавување, преглед на активностите за пријавување и ажурирање на податоците за контактите за опоравување. Instagram планира и да додаде поддршка за двофакторка автентикација преку WhatsApp, покрај своите моментни опции на броеви на телефони и апликации за автентикација. Од компанијата наведуваат дека дошло до зголемување на бројот на профили кои тврдат дека се Instagram во директните пораки, за да ги натераат луѓето да ги делат своите лозинки.
Instagram испраќа само е-пошта, а на корисниците им е овозможена проверка дали некоја електронска пошта е автентична така што ќе го погледнат „Е-пораки од Instagram“ табот во подесувањата. Поедноставената безбедносна функција се воведува во екот на неодамнешниот бран на е-адреси за повторно поставување на лозинки, кои го затрпаа сандачето на многумина.
Поврзани артикли