NASA планира да испрати специјално летало во вселената за да ја истражува најголемата месечина на Сатурн, Титан.
Станува збор за летало на нуклеарен погон чие лансирање се планира во 2027 година, а се очекува да слета на Титан 8 години подоцна.
Таму ќе мине 3 години во истражување и собирање примероци, а би требало да мине вкупно 175 километри. За енергија е задолжен посебен генератор MMRTG, којшто ги движи роверите Curiosity и Perseverance.
Мисијата Dragonfly ќе биде првиот обид за испраќање машина на толкава далечина.