Реткиот метеорит кој падна во Велика Британија претходно оваа година, би можел да ги крие тајните на живот на Земјата. Анализите покажаа дека потекнува од настанокот на Соларниот систем пред 4,5 милијарди години.
Метеоритот е наречен Винчкомб, а пронајден е во Глочестершир. Се работи за многу редок тип на метеорит под името јаглен хондрит, кој е богат со водат и органска материја, бидејќи го задржал хемискиот систем уште од формирањето на Соларниот систем.
Винчкомб е прв метеорит кој е пронајден во Велика Британија во последните 30 години, а единствен јаглен хондрит на британското тло. Тој пружа прилика за проучување на потеклото на водата и животот на Земјата, но и настанокото на Соларниот систем.
Прелиминарните анализи потврдуваат дека метеоритот содржи низа органски материјали, состојки присутни во моментот на „раѓање“ на Соларниот систем.
Метеоритот моментно е изложен во Музејот на природна историја во Лондон.