Астероидот кој минатата недела мина покрај Земјата ги изненади научниците бидејќи претходно не беше откриен, ниту некој го очекуваше.

Станува збор за астероид со големина на фрижидер, кој мина покрај Земјата, но астрономите не знаеја за него. Дознаа дека постои неколку часа подоцна.

Астероидот минал многу блиску до Земјата, барем од космичка перспектива, бидејќи на 24 октомври минал над Антарктикот на оддалеченост од само 3.000 километри од Земјата. Тоа е поблиску и во однос на некои сателити.

Ова е третото најблиско минување на астероид во историјата, без удар на Земјата. Научниците не биле свесни за постоењето на астероидот 2021 UA1  бидејќи се доближил до Земјата во текот на денот од правец на Сонцето, така што минал незабележан. Неговото минување е детектирано дури по четири часа.

Истиот не претставувал закана, да бил на патека кон судир со планетата поголем дел од неговата маса би согорела во атмосферата.

Неговиот дијаметар изнесувал два метри, еден објект се смета за опасен со дијаметар најмалку 140 метри. Значи не претставувал закана, но се поставува прашањето што би се случило ако поголем астероид оди кон нашата планета. НАСА веќе истражува одбранбени технологии за заштита од можни судири со поголеми вселенски карпи со метод на одбивање, односно промена на нивната патека на движење.

Извор: Klix.ba