Honor веќе го потврди датумот на претставување на Honor Magic3 и Magic3 Pro теелфоните, а тоа е 12. август. Веќе имавме можност да дознаеме некои детали за хардверот на двата уреда благодарение на претходните протечени информации, а сега имаме и поопширни информации.
Покрај спецификациите, новите информации нудат и детали за можната цената на двата смартфона. Стандардниот модел ќе има почетна цена од околу 620 долари, додека
Pro варијантата чини околу 770 долари.
Honor Magic3 Pro ќе има селфи камера под екранот, сместена во 1228p панел со закривени рабови. Од друга страна, Magic3 ќе користи 6,76-инчен 1334 x 2772p дисплеј. Овој модел ќе има две селфи камери сместени во издолжен засек.
Не е познато дали двата телефона ќе користат Qualcomm Snapdragon 888+ чипсет или тој ќе биде резервиран само за Magic3 Pro. Извештајот тврди дека Pro моделот ќе има поддршка за 100W полнење преку кабел и 50W безжично полнење.
На полето на камерите, Pro моделот ќе користи перископ телефото сензор со до 100x хибридно зумирање, а тука ќе биде и главната камера со голем сензор. Ќе постојат вкупно четири камери на задната страна на Magic3 телефонот.