Луѓето кои пијат умерено тоа можат да го прават и по примањето на вакцината против коронавирусот, а имуниот систем се нарушува само кај алкохоличарите, тврдат научниците.

Нема докази дека консумирањето алкохол по вакцинацијата против коронавирусот влијае врз ефикасноста на вакцината, објавила британската регулаторна агенција за лекови (MHRA).

Во информациите на произведувачите и во упатствата на Британските здравствени служби исто така нема промени во наводното влијание на алкохолот на ефикасноста на самите вакцини против коронавирусот.

Како што пренесуваат порталите за наука, теоријата за две седмици апстиненција од алхокол по вакцинацијата започнала од изјавите на некои политичари, дека алкохолот може да наштети врз способноста на организмот да развие антитела на коронавирусот.

Така, Илхем Месуди, директор на Центарот за истражување на вируси на калифорнискиот Универзитет, вели дека обилната консумација на алкохол го нарушува имуниот систем и консументите ги прави поранливи на инфекции.

Но, кај луѓето кои алкохолот го консумираат во умерени количини не постои никаков ризик, појаснува тој и објаснува дека под умерено консумирање алкохол се смета не повеќе од два алкохолни пијалаци дневно за мажи и еден алкохолен пијалак за жени.

Извор: Srbija Danas