Се појавија нови детали за Samsung Galaxy Watch4 серијата паметни часовници, а овој пат SamMobile известува дека носечките уреди ќе го користат новиот Exynos W920 чипсет.
Споменатиот чипсет би требало да овозможи значајно подобрување на перформансите во однос на претходната генерација паметни часовници. Само за споредба, Samsung Galaxy Watch mоделите од 2018. година користеа 10nm Exynos 9110 чип.
Новиот извештај истакнува дека Exynos W920 ќе нуди за 1,25 пати подобро време на обработка на податоците во однос на Exynos 9110 и 8,8 пати пофлуидни перформанси на графика. Со новиот чипсет пристигнува и 1.5GB RAM, што претставува уште една надградба во однос на ппретходните Galaxy Watch модели.
Galaxy Watch4 серијата ќе ја користи One UI Watch платфмормата заснована на Google Wear OS. Повеќе детали за паметните часовници ќе бидат познати во текот на Samsung Unpacked настанот кој се одржува на 11. август.