Следниот Samsung Galaxy Unpacked ќе биде одржан на 11. август, а се очекува дека во текот на овој настан ќе бидат претставени Galaxy Z Flip3 и Galaxy Z Fold3 флексибилните телефони.
Сега се појавија најнови информации кои нудат детали за потенцијалните цени на двата смартфона. Изворите сугерираат дека Galaxy Z Flip3 ќе чини помеѓу 1045 и 1110 долари, додека Galaxy Z Fold3 би можел да има цена помеѓу 1655 и 1740 долари.
Засновано на овие потемцијални цени, Galaxy Z Flip3 и Galaxy Z Fold3 би можеле да бидат за околу 20 проценти поевтини во однос на нивните претходници, а ова го сугерираа и претходните извештаи.
За оние на кои ова не им е доволно, Samsung ќе нуди различни програми на замена на актуелните Galaxy Z Flip и Galaxy Z Fold модели, со што дополнително ќе се намали цената на овие телефони.
Поврзани артикли