Oppo се подготвува за официјална објава на Reno6 Z телефонот, која е најавена за 21 јули. Сега се појавија официјални рендери, кои ни даваат досега најдобар увид во дизајнот на овој телефон.
Oppo Reno6 Z ќе има дизајн кој е многу сличен на глобалниот Oppo Reno6 5G модел. Од предната страна е рамен дисплеј со punch-hole отвор за селфи камера. На задната страна на телефонот се наоѓа систем со три камери, кој се состои од 64MP AI и уште две дополнителни камери.
Reno6 Z како и останатите смартфони од Reno6 серијата, би требало да има Reno Glow финиш, која нуди единствен светлечки ефект на задниот панел.
Кога се во прашање спецификациите, се очекува дека Oppo Reno6 Z ќе користи осмојадрен MediaTek Dimensity 800U чипсет, што сугерира дека телефонот ќе биде позициониран попд стандардниот Reno6 5G модел, кој користеше Dimensity 900 чип.