Дојавувачот OnLeaks објави рендери со повисок квалитет, заедни со прелиминираните спецификации за претстојниот Realme лаптоп, под името Realme Book.
Се сугерира дека Realme Book ќе користи 14-инчен LED дисплеј со FHD резолуција, anti-glare заштита и 3:2 однос на страници. Нема потврда за материјалот од кој е креирано куќиштето, но делува дека е во прашање алуминиум. Лаптопот има тастатура, со копче за вклучување во кое е сместен и сензор за отпечатоци од прсти.
Лаптопот го покренуваат Intel Core i3 и Core i5 процесори од 11. генерација. Софтверот го покрива Windows 10. Кога е во прашање I/O, портовите вклучуваат еден USB-A слот и приклучок за слушалки од десната страна и два USB-C порта од спротивната страна.
Наведени се и димензиите на уредот од 307 x 229 x 16 милиметри. Realme Book ќе дебитира на пазарот на Индија следниот месец, каде што цената на почетниот модел ќе изнесува околу 535 долари.
Поврзани артикли