Motorola го претстави Moto G60 моделот во април, а сега се чини дека компанијата работи напорно на малку подобрената верзија на телефонот.

Според протечените детали, наскоро се очекува Moto G60S, по цена од 300 до 320 евра во Европа. Тоа е повеќе од колку чинеше Moto G60, што е уште еден знак дека G60S може да дојде со подобрувања во однос на стандардниот модел.

Друга потврда е информацијата во која изворот тврди дека Moto G60S ќе биде испорачан со 8 GB RAM и 128 GB простор за складирање. Тоа е за 2 GB RAM меморија повеќе од моделот Moto G60. Покрај тоа, се предлага дека G60S ќе биде достапен само во сина боја, со кодно име Лисабон. Се очекува во наредниот период да бидат познати повеќе информации за телефонот Moto G60S.

Извор: Benchmark.rs