Кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија соопшти денеска дека објавило предлог тригодишен план за развој на секторот, кој би бил специјализиран за заштита од хакерски напади.
Вредноста на секторот може да надмине 250 милијарди јуани (38,6 милијарди долари) до 2023 година, проценува Министерството.
Во текот на викендот, тамошната влада предложи регулатива со која се повикуваат сите технолошки компании со над еден милион корисници, а со тоа и огромно количество на податоци, да поминат безбедносни проверки пред да бидат наведени на странските берзи.
Прописите се предложени по регулаторната истрага од страна на кинескиот дигитален гигант за транспортни услуги Диди Чуксинг за наводни повреди на приватноста на податоците.