OnePlus минатата недела официјално го потврди постоењето на Nord 2 телефонот заедно со неколку детали за хардверот на уредот. Телефонот ќе го покренува MediaTek Dimensity 1200 чипсет, со бројни можности број способности за вештачка интелигенција за подобрување на фотографиите и искуството на дисплејот и гејмингот.
Во новата објава, компанијата откри некои информации во врска со дисплејот на Nord 2 5G. OnePlus потврди дека телефонот ќе има 6,43 инчен Fluid AMOLED дисплеј, со брзина на освежување од 90Hz и сертификација HDR10+. За споредба, Nord 2020 моделот имаше 6,44 инчен AMOLED дисплеј, брзина на освежување од 90Hz и поддршка за HDR10+.
OnePlus не ја откри резолуцијата на екранот кај Nord 2 моделот, но се верува дека телефонот би можел да има барем FullHD+ резолуција како неговиот претходник. Повеќе официјални детали за телефонот ќе дознаеме на 22 јули.