Компаниите Неотел, Битстрим Мобиле, Македонски телеком и А1 Македонија до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) испратиле писма за искажување интерес за учество на тендерот за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г, што треба да го објави регулаторното тело.
Неотел искажува интерес за одобренија: В41, В44, В45 и В46, Битстрим Мобиле за одобренија А1 и В1, А1 Македонија за Одобренија: А2, А3, В2 и В3, а Македонски Телеком за одобренија: В2, А2 и/или А3. Во прилог на писмата за искажување интерес, заинтересираните страни доставиле и предлози и
коментари по однос на јавната расправа https://aek.mk/wp-content/uploads/2021/07/20210708-Rezultati-od-javna-rasprava.pdf
-Имајќи ги во предвид Резултатите од јавната расправа по објавената Намера и пројавениот интерес за Одобренијата кои треба да се доделат, а во согласност со член 134 став (6) АЕК ќе објави јавен тендер со јавно наддавање, најавува АЕК.
Регулаторното тело на 1 јуни годинава објави намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно наддавање за издавање ограничен број одобренија за користење на радиофреквенции и отвори јавна расправа која траеше до 5-ти месецов.
Операторите што ќе добијат одобрение за национално покривање се должни со новоиздадените и постоечките одобренија за користење на радиофреквенции да обезбедат покриеност, согласно Националниот оперативен бродбенд план. Конкретно, до крајот на 2023 година најмалку еден град да биде покриен со 5G сигнал, а до крајот на 2025 година, главните коридори согласно Договорот за основање на транспортна заедница на основната и сеопфатна патна мрежа во државата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал. До крајот на 2027 година сите градови во државата да бидат покриени со непрекинат 5G сигнал, а до крајот на 2029 година, секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5G со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.