Можно е да се заразите со два вида на коронавирусот истовремено, предупредуваат експертите откако забележале двојна инфекција кај 90-годишна жена, која се заразила со алфа и бета варијантите, најпрво идентификувани во Велика Британија и Јужна Африка.
Жената која починала во март 2021 година во Белгија не била вакцинирана, а нејзините лекари сметаат дека таа е првиот документиран случај на двојна инфекција. За нејзиниот случај се дискутира на годинешниот Европски конгрес за клиничка микробиологија и инфективни болести.
Тестовите за коронавирусот покажале дека жената е заразена со алфа и бета-сојот на вирусот, пренесува BBC.
„Во тоа време и двата соја циркулираа во Белгија, па се верува дека ја заразиле две лица“ изјави Ана Ванкерберген, молекуларен биолог од болницата во Алст, која ја објави студијата.
Во јануари 2021 година, научниците во Бразил објавија дека две лица биле заразени со два вида коронавирус истовремено, од кои едната била загрижувачка варијанта на гама.
Во Португалија, во меѓувреме, неодамна се лекуваше еден тинејџер, кој се чини дека бил заразен со друга варијанта на ковид, додека сè уште се опоравувал од инфекцијата со првата.