Се очекува дека Xiaomi ќе претстави нов премиум таблет подоцан во текот на месецот. Гласините досега го сугерираа името Xiaomi Mi Pad 5, што е неофицијално име, а сега се појавија неколку детали за уредите од оваа линија.
Моделот со ознака M2105K81C е Pro варијанта со 5G конекција, а ќе го покренува Snapdragon 870 чипсет. Ќе постои и Wi-Fi only модел кој користи Snapdragon 860 чип, според наводите на дојавувачот Digital Chat Station. Претходните извештаи тврдеа дека стандардниот модел ќе користи Dimensity 1200 чип.
Xiaomi Mi Pad 5 Pro ќе има 11-инчен дисплеј (веројатно LCD, иако некои гласини споменуваа и OLED) со 2560 x 1600p резолуција, 120Hz освежување. Таблет уредот ќе поддржува паметно пенкало со 4096 нивоа на притисок. Уредот ќе го напојува батерија од 8520mAh.