Се приближува периодот на објава на OnePlus Nord 2 5G телефонот, а во меѓувреме имавме увид во ризерите на уредот. Сега од кинеската компанија пристигнува официјална потврда дека OnePlus Nord 2 5G ќе биде претставен на 22. јули.
Благодарение на официјалните рендери знаеме како ќе изгледа теелфонот, а потврдено е и дека Nord 2 ќе го покренува MediaTek Dimensity 1200 чипсет.
Претходно протечените спецификации укажуваат на тоа дека телефонот ќе има 6.53-инчен AMOLED дисплеј со FullHD+ резолуција и 90Hz стапка на освежување на екранот, а уредот ќе го напојува 4500mAh батерија.
Оригиналниот OnePlus Nord пристигна на пазарот со цена од 399 евра, а се очекува и дека OnePlus Nord 2 5G ќе биде понуден во сличен ценовен ранг.
Поврзани артикли