ZTE во април оваа година ја претстави Axon 30 серијата телефони, која ги вклучува моделите како што се Axon 30 Pro 5G и Axon 30 Ultra 5G. Сега компанијата почнува да го најавува стандардниот Axon 30 5G телефон, кој ќе има селфи камера од втората генерација под екранот.
Се сугерира дека технологијата не е подготвена за периодот кога се објавувани Axon 30 Pro 5G и Axon 30 Ultra 5G, па поради тоа стандардниот Axon 30 5G ќе биде објавен засебно
Иако не е споменат конкретниот датум на објава на телефонот, неодамнешните гласини сугерираа дека уредот најверојатно ќе биде претставен пред 22. јули.
Судејќи според ознаката, се очекува дека ZTE Axon 30 5G ќе биде позициниран под Axon 30 Pro 5G и Axon 30 Ultra 5G моделите кога се во прашање спецификациите. Тоа значи дека веројатно не очекуваат карактеристики од средниот сегмент.
Претходниот 3C листинг откри дека ZTE Axon 30 5G ќе има поддршка за 55W брзо полнење.