Хрватската компанија Rimac ја потврди веста дека компанијата станува мнозински сопственик на француската компанија Bugatti. Покрај тоа, Rimac станува „Римац Група“ и ќе биде поделена во две компании – „Bugatti Rimac“ и „Rimac Technology“.
Rimac Grouop ќе биде најголемиот акционер на новата компанија „Бугати Римац“ д.о.о., со учество од 55 отсто.
Мате Римац ќе го задржи постојниот удел во групацијата Rimac од 37%, Porsche останува на 24%, групацијата Huyndai со 12% и другите инвеститори со 27%.
Развојот, производството и испораката на батериските системи, погонските единици и другите ЕВ компоненти, по кои Rimac е познат и благодарение на кои ја доби довербата од бројни производители на автомобили, ќе бидат одделени во нов деловен субјект – RImac Technologies во целосна сопственост на групацијата Rimac.
Rimac Technologies останува независна компанија која соработува со бројни глобални производители на автомобили.
Мате Римац ќе биде на чело на новата компанија. Како извршен директор на Римац групацијата, тој ќе ги предводи Bugatti Rimac и новата компанија Rimac Technologies .
Така, Мате продолжува да управува со сите деловни сегменти на групацијата Римац, во која сега спаѓа и Bugatti.
Bugatti и Rimac продолжуваат како посебни брендови, задржувајќи ги постојните производствени капацитети и каналите за дистрибуција, додека седиштето и целиот развој на обете брендови ќе бидат во Хрватска во новиот кампус Римац, кој исто така ќе биде седиште на „Римац Технологија“.
Кампусот ќе произведува технологии и компоненти за автомобили од двете марки, додека склопувањето на моделите на Bugatti ќе продолжи да се одвива во Франција.