Бил Гејтс ќе вложи четири милиони долари во проект за создавање на генетски модифицирани комарци, кои меѓусебе ќе се уништуваат преку секс, пишува „Њујорк Пост“. Се работи за храбар и необичен обид да се стави крај на маларијата, смртносна болест која се пренесува преку каснување од заразени комарци. Гејтс планира да вложи пари од Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Планот на Гејтс е создавање на генетски модифицирани машки комарци, кои ќе се размножуваат со женките во дивината. Бидејќи касаат само женските комарци, така „армијата“ генетски модифицирани машки комарци на Гејтс ќе бидат сигурни за луѓето. Она што е важно е дека тие машки комарци ќе имаат ген кој во текот на парењето ќе се пренесува на женските комарци. Благодарение на тој ген, потомците на оплодените женки ќе умираат пред да пораснат. За оваа идеја заслужна е британската компанија „Oxitec“, која производот го нарече „Friendly Mosquitos“. „Oxitec“ веќе направи сличен потег во борбата со вирусот „зика“.

Во некои области популацијата на комарци заразени со вирусот„ зика“ се намалила за речиси 90 отсто. Она што случајот со маларијата го прави поинаков, е што за овие комарци се потребни нови, генетски модифицирани комарци кои ќе се размножуваат со женките.

„Killer sex mosquitoes“, како што ги нарече „The Sun“, ќе бидат подготвени за проба до 2020 година.

Извор: B92.net