Samsung минатата година ја објави Galaxy Z Flip Thom Browne едицијата, која брзо се распродаде, а популарен беше и Z Fold2 Thom Browne моделот. Овие телефони беа достапни само во лимитирани количини, но имаа голема побарувачка.
Јужнокорејската компанија и оваа гоидна ќе креира лимитирана Thom Browne едиција за Galaxy Z Flip3 (според наводите на сајтот LetsGoDigital). Од друга страна, не се очекува дека оваа година ќе ја видиме Z Fold3 Thom Browne едицијата.
LetsGoDigital објави рендери кои сугерираат како би можел да изгледа Samsung Galaxy Z Flip3 Thom Browne моделот. Thom Browne дизајните се воглавно константни, со мат сива завршница и заштитна лента во три бои, така што овие рендери би требало да бидат прилично репрезентативни.
Интересно е дека со смартфонот се очекуваат и прилагодени Thom Browne верзии на прилагодениот паметен часовник и слушалки. Оваа година ќе ги видиме Galaxy Watch4 (или Watch4 Classic) и Galaxy Buds2 во Thom Browne варијанти.