Samsung Galaxy S21 Ultra 5G ја доби наградата за најдобар паметен телефон на Global Mobile Awards во текот на Мобилниот конгрес во Барселона (MWC 2021)

Годишните GMA награди даваат признание за хардвер, софтвер и други услуги кои ширум светот поттикнуваат на иновативност во индустријата на мобилните уреди.

На свеченото доделување на награди, Samsung Galaxy S21 Ultra 5G е прогласен за „Најдобар паметен телефон во 2020 година“.

Galaxy S21 Ultra е опремен со професионални технологии на камерата, најинтелигентен дисплеј и одлични перформанси. Пристигна со S Pen. Достапен е во црна и сива боја, а целиот уред има луксузен мат завршен слој за пософистициран изглед.

Има Dynamic AMOLED 2X екран со 6,8 инчи. Брзината на освежување на екранот се менува од 10 до 120 Hz за да се обезбеди оптимална енергетска ефикасност и за да се заштеди батеријата.

Пристигна со четири задни камери – ултраширока, широка, двојна и телефото камера. Главната камера има 108 MP, а се истакнува и одличната Space Zoom функција.

Извор: Klix.ba