Samsung потврди дека Galaxy S11 серијата ќе пристигне на првиот годинашен Unpacked настан пред MWC саемот во Барселона!

Новата генерација на новите уреди на Samsung ќе биде претставена на 11 февруари во Сан Франциско, потврди јужнокорејската компанија.

„Поздравете го новиот Galaxy“, напишаа од Samsung на Twitter.

Постојат гласини дека ќе биде претставен и новиот телефон на преклоп. Од Samsung потврдија дека ќе претстават повеќе од еден уред, но сè уште не откриваат повеќе информации, објави The Verge.

Galaxy S11 би требало да има големина од 6,2 или 6,4 инчи, Galaxy S11 Plus од 6,7 инчи, додека Galaxy S11 Pro би требало да има најголем дисплеј од 6,9 инчи.

Новист е што Galaxy S11 Plus би требало да има батерија од 5000 mAh која му нуди беспрекорно доживување на корисникот.

Во поглед на камерите, се очекува моделите од серијата да имаат различни перископски леќи, како и 5x оптички зум. Камерите би требало да имаат 108 мегапиксели.