Според наводите на Digitimes, Apple го зголеми бројот на своите снабдувачи за 5G хардвер кои ќе се најдат во следната генерација на iPhone уреди.
Компанијата од Купертино очекува дека во рамките на iPhone 13 серијата уреди, пазарот ќе пласира повеќе телефони кои имаат mmWave можности за пренос на податоци.
Телефоните од iPhone 12 семејството беа првата линија на компанијата која поддржувала 5G конекција, но mmWave конекцијата била лимитирана само на САД, додека остатокот од светот добил само sub-6GHz 5G поддршка.
Apple сега очекува дека повеќе пазари ќе го прифатат побрзиот mmWave стандард и компанијата сака да биде подготвена со iPhone 13 моделите, кои ќе го поддржуваат тој стандард.