Tesla прави уште еден потег кој треба да ја зацементира позицијата водечки светски производител на електрични автомобили

Конкуренцијата во форма на етаблирани производители станува пожестока, особено во Европа, откако брендот од Калифорнија ги постигна најуспешните продажни резултати во тринаесетгодишната историја.

Клучната работа за Tesla, кога станува збор за продолжување на успешниот бизнис, ќе биде лансирање на компактен, достапен електричен хечбек, кој ќе биде ставен наспроти имиња како VW ID.3, Nissan Leaf и Kia e-Niro.

Планиран за продажба од 2023 година, новиот хечбек на Tesla ќе означи своевидно отстапување од премиум EV секторот на територијата на возила подостапни за поширока група клиенти. Model 3 е редок успех на Стариот континент, каде што постојано е меѓу најпродаваните електрични автомобили. Пресметано е дека цената на новиот хечбек во Европа би била околу 25.000 евра.

Таквата промена во ценовната политика ќе биде овозможена со новата технологија на батерии, развиена од Tesla, за која се тврди дека ги намалува трошоците за производство за 50 проценти во споредба со сегашните методи, обезбедувајќи поголема енергија и до 16 проценти поширока автономија со едно полнење.

Првите детали во врска со новата технологија ги откри Илон Маск на настанот „Battery Day“ минатата година, кога рече дека му пречи тоа што Tesla не нуди вистински достапен модел, нагласувајќи дека тоа ќе се промени во иднина . За да се постигне тоа, неопходни се поевтини батерии, изјави тогаш Маск

Сериско производство на ново создадените батериски пакувања ќе биде можно следната година, а новитетите во рамките на високо-конкурентскиот сегмент ќе бидат на исто ниво со моделите од неколку категории погоре, со автономија не помала од 400 километри, дури и според строгиот стандард на EPA.

Останува да видиме дали Tesla ќе го понуди новиот хечбек со батерија со капацитет помал од 50 kWh, но варијанта со пократка автономија може да и обезбеди влезна врата на Tesla на пазарот на урбан транспорт. Верзијата со долг дострел би била рамо до co Model 3 кој има домет од 567 километри.

За очекување е новитетот да ги преземе упатствата за дизајн од Model 3, како и да го земе името Model 2. Европската верзија на Model 2 ќе се произведува заедно со Model 3 и Model Y во новата фабрика на Tesla во Германија во близина на Берлин, која треба да се отвори на почетокот на 2022 година по серија одложувања.

Опишана како „најголемата фабрика во светот“, таа ќе има капацитет од 500.000 автомобили годишно и ќе биде клучна во континуираниот раст на Tesla надвор од американскиот и кинескиот пазар.

Извор: Додај Гас