Oткако претходно во текот на овој месец во Кина ја претстави Honor 50 серијата телефони, кинескиот бренд сега објави и нов телефон од средниот сегмент – Honor X20 SE.
Како што сугерира името, Honor X20 SE ќе биде најдостапен модел во рамките на X20 серијата, која би требало да ја сочинуваат неколку уреди, меѓу кои е и стандардниот Honor X20.
Honor X20 SE има 6.6-инчен IPS LCD дисплеј со FHD+ резолуција и 94,2% screen-to-body однос. Во врвот на екранот, центриран е punch-hole отвор за 16MP селфи камера. На задната страна се наоѓаат 64MP главна камера, 2MP макро и 2MP сензор за длабочина.
Смартфонот го покренува осмојадрен MediaTek Dimensity 700 чипсет, во комбинација со до 8GB RAM и 128GB простор за складирање. Уредот го напојува батерија од 4000mAh, со поддрпка за 22.5W брзо полнење.
Останатите карактеристики на телефонот вклучуваат сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката, 3,5 мм приклучок и MagicUI 4.1 интерфејс заснован на Android 11.
Поврзани артикли