Компанијата OnePlus подготвува наследник на Nord телефонот од средниот сегмент, а оваа гоидина не очекува OnePlus Nord 2. Сега 91Mobiles и OnLeaks објавија рендери, кои Nord 2 го прикажуваат во целосен сјај.
Фотографиите го покажуваат дизајнот на телефонот, кој во најголема мерка е заснован на изгледот на OnePlus 9 моделот, со правоаголен систем за три камери на задната страна. Неколкуте разлики вклучуваат позиционирање на третата камера и LED блиц модул. Од предната страна се наоѓа punch-hole селфи камера во горниот лев агол, а се очекува и сензор за отпечатоци од прсти под екранот.
Спецификациите кои се појавија претходно, сугерираат дека Nord 2 оваа година ќе користи MediaTek чипсет. Според перформансите, Dimensity 1200 се наоѓа помеѓу Snapdragon 865 и Snapdragon 870, а бенчмарк тестовите открија и поддршка за 8GB RAM.
Потребно е да се истакне дека рендерите се засновани на CAD скиците на прототипот на телефонот, така што конечниот дизајн на OnePlus Nord 2 моделот би можел да се разликува. Телефонот би можел да пристигне во продажба пред крајот на септември, додека претставувањето може да следува во текот на јули.