Германските владини организации се очекува да ги затворат своите сметки на Facebook до крајот на годинава откако комесарот за заштита на податоците утврди дека социјалната мрежа не ја сменила својата практика во согласност со германските и европските закони за приватност.
Во писмо до владините институции и агенции во овој месец, комесарот Улрих Келбер наведе дека Facebook не обезбедил гаранции дека ќе ги заштити податоците во согласност со регулативите на ЕУ.
Келбер додаде дека апликациите Клабхаус, ТикТок и Инстаграм се чини дека имаат слични недостатоци, па затоа се препорачува државните институции да престанат да ги користат се додека не заврши комплетниот извештај за ова прашање.
Официјалната страница на Фејсбук на германската влада има над милион следбеници, а комесарот за заштита на податоците нагласи дека е невозможно да се води „фан-страница“ на Фејсбук без личните податоци на следбениците да бидат пренесени во САД.