Компанијата Qualcomm во текот на вчерашниот ден го претстави Snapdragon 888 Plus чипот, а многу производители на телефони веќе се обврзаа да објават уреди со новата платформа. Една од компаниите што ќе го објави смартфон со SD888+ чип е Honor.
Фанг Феи, претседателка на производнатата линија во Honor, потврди дека новиот Snapdragon 888 Plus ќе се појави како дел од претстојната Magic3 серија телефони.
„Водечките перформанси на платформата и предностите на сегментот во AI ќе му овозможат на Honor да создаде мобилно искуство што ќе ги задоволи потребите и на најребирливите корисници“, истакна Феи.
Ова претставува голема најава за Honor, по осамостојувањети од Huawei. Како самостоен бренд, Honor сега може да користи производи од американски компании, вклучувајќи го и Snapdragon 888 Plus.
Поврзани артикли