Речиси секојдневно го слушаме поимот anti-aging, што не е ни чудно, бидејќи тој пазар вреди околу 58,5 милијарди долари. Меѓутоа, сето тоа е обид да се одложи неизбежното, тврдат научниците.
Истражувањето на меѓународниот тим научници од 14 земји се базираше на хипотезата на „непроменетата стапка на стареење“, која говори дека видовите имаат релативни фиксна стапка на стареење во поодмината возраст и дека на неа не влијае вложувањето напор против стареењето.
Истражувањето е објавено врз основа на „колекцијата на 39 човечки и нечовечки збирови на податоци од седум родови“.
„Нашите резултати ја поддржуваат хипотезата за непроменливата стапка на стареење, имплицирајќи биолошки ограничувања за тоа колку може да се забави стапката на стареење на човекот“, истакнаа научниците.
Тоа во суштина потврдува дека смртта не може да се измами. Животниот век е продолжен како резултат на подобрите фактори на околината, но на крајот на денот, сите ќе остариме и ќе умреме.
„Нашето истражување потврди дека во случај на историските популации, животниот век бил пократок затоа што многу луѓе умирале млади. Сепак, благодарение на медицинските, социјалните и еколошките подобрувања, очекуваниот животен век бил продолжен. Се повеќе луѓе живеат многу подолго денес, но патот до смртта во староста не е променет. Ова истражување покажа дека дури ни напредокот на медицината не може да ги надмине биолошките ограничувања “, рече Хозе Мануел Абурто од Универзитетот во Оксфорд.
Она што можеме да го сториме е да се обидеме да уживаме што е можно повеќе во животот, а сознанието дека еден ден на сè ќе му дојде крајот треба да ги мотивира луѓето да бидат најдобрата верзија за себе, да се грижат за луѓето околу себе, но и да престанат да се грижат поради стареењето.
Поврзани артикли