Производителот на техника Panasonic, кој е ко-сопственик на фабрика за батерии заедно со Tesla, го продаде целиот свој удел во автомобилската компанија за 400 милијарди јени или 3,6 милијарди долари, јави Блумберг.
Јапонската компанија поседуваше околу 730 милиони акции на Tesla во март минатата година, а до крајот на истиот месец, нејзиниот удел веќе беше нула. Ова го покажуваат официјалните податоци презентирани денеска.
Во меѓувреме, цената на акциите на Tesla се намали речиси петпати за овој период.
Според портпаролот на Panasonic , Вајои Ватанабе, овој договор нема да го наруши партнерството со Tesla, а собраните средства ќе бидат искористени за идни инвестиции.
Поврзани артикли