Социјалната мрежа Instagram почна да ја тестира можноста за објавување на постови со помош на веб-прелистувач на десктоп компјутер
Новата можност ја воочи консултантиот за социјални мрежи Мат Навара, кој направи неколку скриншотови и така го демонстрираше новитетот.
Facebook за Bloomberg потврди дека фазата на тестирање е во тек.
„Знаеме дека многу луѓе му пристапуваат на Instagram преку своите компјутери. За да го подобриме нивното иксуство, сега тестираме можност за креирање постови на Instagramu преку веб-браузер”, наведуваат од Facebook.
Корисниците ќе можат да го бираат форматот на постот, да користат филтри и оснвни параметри на уредување. Новата можност се уште не им е достапна на сите, а оние кои ја добиле ќе ја препознаат по нотификацијата во горниот десен агол на екранот.
Instagram е прилично бавен кога станува збор за имплементирање функции во веб апликацијата, посебно на десктоп. Директното допишување стана достапно дури минатата година. Меѓутоа, професионалците чија работа тесно е врзана за Instagram се потпираат на алатките од трета страна, за преку компјутер да креираат постови.