Минатата есен Tinder им овозможи на корисниците можност за видео разговори, а сега и им овозможува да додадат повеќе видеа на профилите.
Корисниците сега ќе можат да уредуваат до девет снимени видео записи од телефон на Tinder профилот. Ова, според компанијата, им нуди на членовите „поавтентичен начин да се изразат“, односно можност да се видат пред да одлучат дали сакаат да се сретнат.
Tinder очекува дека корисниците на генерацијата Z, кои се израснати со TikTok и YouTube, повеќе ќе пристапат до апликацијата. Демографските категории чинат 50% од глобалната база на корисници.
Видеото е само еден од неколкуте нови додатоци вклучени во најновото ажурирање на Tinder, а кое важи за една од најголемите промени на апликацијата од нејзиното лансирање. Исто така претставува и нова социјална функција во стилот на брзи состаноци наречена Hot Takes, којашто им овозможува на корисниците да разговараат во кратки периоди пред да преминат на нова сесија.
Tinderп претстави и нова опција наречена Истражување како начин оние кои се без својот пар да се поврзат со други на основа на заеднички интереси како што се омилени филмови, серии, активности и слично.
Ова е уште еден начин за Tinder да ги задржи корисниците да не побараат љубов на други услуги за дружење.
Извор: B92.net
Поврзани артикли