Microsoft почна со испорака на најновата јавна објава на својот Edge прегледник, а пристигнува со корисна функција за оние кои прегледникот го користат на повеќе уреди.
Со делењето на табовите, корисникот може да почне со читање на веб-страницата на компјутер, а потоа да ја испрати на својот лаптоп или телефон. По првобитното тестирање во април, функцијата сега е достапна на некои Windows и macOS уреди.
Откако корисникот ќе добие пристап до функцијата, ќе види нова лаптоп и смартфон икона во полето за адреси. Со притискање на иконата се покажува листата на уреди на кои е инсталиран Edge, а корисникот е логиран на истата Microsoft сметка. На Androidu и iOS, сите линкови што се испраќаат ќе се појават во прозорец, на кој може да му пристапи преку секцијата за известувања. На Windows ќе се појави во Action Center.
Засега, делува дека функцијата на делење на веб-страници помеѓу уредите и натаму е во фаза на тестирање, а Microsoft постепено им ја испорачува на Windows и macOS корисниците.
Поврзани артикли