Со текот на годините, Apple и другите производители постепено ги зголемуваа цените на своите телефони. Сега, доколку сакате некој од премиум моделите на iPhone на Apple, мора да издвоите 1.000 долари или повеќе. Поради тоа, не е чуди што многумина чувствуваат страв дека идните модели би можеле да чинат уште поскапо.
Сепак, доколку му се верува во извештајот на TrendForce, се очекува дека Apple ќе ги задржи истите цени како и линијата од минатата година. Ова значи дека за 2021 iPhone 13 линијата телефони можеби нема да имаме зголемување на цената.
За потсетување, iPhone 12 mini по објавата чинеше 699 долари, iPhone 12 имаше цена од 799 долари, iPhone 12 Pro чинеше 999 долари, додека iPhone 12 Pro Max се нудеше по цена од 1099 долари. Ова се цени само за основните конфигурации, за дополнителна RAM меморија и складирање беше потребно да се издвои повеќе.
Извештајот споменува дека, и покрај фактот дека цените на компонентите се зголемија поради недостатокот на залихи, Apple планира да ги задржи цените на iPhone 13 линијата на минатогодишното ниво.