Деветото продолжение на популарната сага „Fast and Furious“ конечно пристигна во кината, а сега фановите може да купат и скапоцен часовник дизајниран на таа тема.
Швајцарската компанија Jacob & Co во соработка со компанијата Universal Studios го дизајнираше часовникот под назив Twin Turbo Fast & Furious. Овој часовник се состои од 832 дела и чини 580.000 долари, а ќе бидат произведени само 9 примероци.
Часовникот е изработен од кристали и содржи фотографии како потсетник на првиот филм.
Задниот дел е направен од титаниум и карбон.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли