Samsung пласираше три нови монитори на гејминг пазарот, а сите модели се фокусираат на испорака на гејмплеј со висок фрејмрејт во 4К, 114p и 1080p резолуции. Покрај тоа, нудат и стапки на освежување од 144Hz и 165Hz.
Најимпресивен од новите дисплеи е Samsung Oddysey G7 G70A. Се работи за 28-инчен монитор, со 4К резолуција, 144Hz освежување на дисплејот, Variable Refresh Rate (VRR) поддршка преку FreeSync Premium Pro/G-Sync Compatibility. Tука е и поддршката за DisplayPort 1.4 i HDMI 2.1.
Трите нови монитори на Samsung е дизајнирани за да им понудат на гејмерите високи стапки на освежување, VRR поддршка и широки агли на гледање, што ги прави идеални за мејнстрим гејмерите. Сите модели се VESA компатибилни, со сталак на кој му се подесува височината, свртувањето и навалувањето.
Другите два модела се Odyssey G5 G50A од 27 инчи, со QHD резолуција и 165Hz освежување, како и Odyssey G3 G30A од 27 и 23 инчи, со 1080p резолуција и 144Hz освежување. Сите три Odyssey модели имаат 1ms одзив.