Според гласините кои кружат на кинеската социјална мрежа Weibo, Huawei P50 серијата телефони може да биде претставена на 29. јули. Овој датум е откриен со конвертирање на навестениот бинарен код (1011011001 во 729), што укажува на 29 јули. Huawei P50 серијата се очекува да се состои од три уреди – P50, P50 Pro и P50 Pro+.
Друг извор од Кина тврди дека поради влијанието на пандемијата врз алихите, Huawei во најголема мерка ќе ја објави 4G верзијата на телефонот, со Kirin 9000 чипсети. Ова ќе овозможи и пониска цена, иако и натаму се очекуваат 5G верзии за P50 Pro и P50 Pro+ моделите.
Покрај тоа, се споменува дека серијата телефони ќе користи нов 1/1.18-инчен сензор за ултра широкоаголната камера. Тоа ќе биде еден од најголемите сензори во телефоните, и секако најголем кога станува збор за ултрашироките камери. Се очекува дека главната камера на P50 Pro и Pro+ моделите ќе има 1-инчен Sony IMX800 сензор.
На крајот, се сугерира дека P50 ќе има мала закривеност на својот OLED екран, додека P50 Pro и Pro+ ќе имаат “waterfall” закривени страници.
Поврзани артикли