Chromebook уредите се воглавно познати по тоа што имаат достапна цена, меѓутоа Samsung во подготовка би можел да има уште еден подостапен модел. Тој се очекува во форма на нов Chromebook, под името Galaxy Chromebook Go.
Лаптопот ќе го покренува Intel Celeron Processor N4500, а ќе има и интегриран Intel GPU, 4GB/8GB RAM, до 128GB простор за складирање. Ќе поддржува Wi-Fi, Bluetooth и LTE.
Galaxy Chromebook Go ќе користи 14-инчен TFT дисплеј, со 1366 x 768p резолуција. Овие послаби спецификации сугерираат дека уредот ќе има и пониска цена, кога ќе се појави на пазарот.
Samsung се уште официјално не ја објави достапноста и цената за Galaxy Chromebook Go, но се очекува дека овие информации ќе бидат познати наскоро.
Поврзани артикли