Европскиот суд на правдата пресуди дека YouTube во сопственост на Google и други платформи не е одговорен за кршење на авторските права за содржината што корисниците ја поставуваат на своите платформи под одредени услови.
Овој случај е најновиот развој во долготрајната битка помеѓу европската креативна индустрија и онлајн платформите, додека првите бараат надомест за неовластено користење на содржината која се пренесува онлајн.
YouTube се најде на обвинителна клупа откако музичкиот продуцент Френк Петерсон гпокрена тужба во Германија, оти корисници на мрежата во текот на 2008 година прикачиле видеа на кои се прекршени авторските права.
Во друг случај, производствената компанија „Елсевиер“ во Германија го тужеше „Cyando“ – сервис што обезбедува услуги за складирање на податоци, откако нејзините корисници прикачиле неколку дела на „Елзевиер“ на платформата без нивно одобрување.