Филтерот беше претставен уште во 2013 година, и оттогаш беше критикуван како дополнителен мотиватор за брзо возење кај корисниците.
Станува збор за т.н. „филтер за брзина“, кој за време на фотографирањето ја испишува брзината со која во моментот се движи на корисникот на апликацијата. Snap, компанијата што стои зад апликацијата, објави дека го укинува овој филтер поради намалената популарност. Оттаму велат дека овој додаток е слабо користен и во таа насока го отстрануваат од понудата.
Овој филтер многумина го поврзуваа со сообраќајни несреќи и јавно повикуваа на негово укинување. Критичарите го поздравуваат отстранувањето на филтерот, но предупредуваат на настаните од минатото.
„Иако оваа одлука несомнено ќе придонесе за безбедноста на учесниците во сообраќајот во иднина, тоа не го оправдува изборот на Snapchat да го создаде и дистрибуира тој филтер претходно“, посочува Мајкл Неф, адвокат што ги застапува семејствата на корисниците кои загинале во несреќи поврзани со апликацијата.
„Со нетрпение го очекуваме денот кога ќе ја добиеме правдата на суд за сите оние кои претрпеа непотребна загуба“, продолжи адвокатот.
Speed Filter се поврзува со неколку несреќи, вклучително и една од 2015 година кога три жени загинаа во Филаделфија. После безброј критики, Snap ја ограничи употребата на апликацијата на 56 км/час со напомена Don’t Snap and drive.
Извор: Index.hr
Поврзани артикли