Компанијата Samsung Electronics објави дека сите модели на The Terrace премиум телевизорот се први во индустријата кои што се верификувани за врвна видливост и приказ на сликата на отворено. Оваа потврда е пристигната од страна на Underwriters Laboratories (UL), американска независна научна организација за сигурносна процена, која што има вековно искуство во креирање на иновации, кога се во прашање сигурносни решенија.
Во вообичаените надворешни услови, корисниците мораат да пронајдат начин да ја блокираат сончевата светлина, со цел непречено да уживаат во содржината на екраните на уредите, што претставува сериозен предизвик. За да ја добие оваа потврда, уредот мора да помине низ неколку рунди од темелни тестирања, во чии рамки мора да достигне светлина поголема од 3,000 – 4,000 нити , поголем контраст од 1000:1 и волумен на боја поголем од 80 отсто. The Terrace телевизорот покажува исклучителни перформанси во овие три клучни области, со тоа што корисниците можат и во надворешно окружување да уживаат во неговиот јасен, живописен и светол приказ.
Овој уред доаѓа со премиум Samsung QLED екран, технологија која што ја намалува рефлексијата на светлото од површината на екранот, како и со оптимизација на квалитетот на сликата на база на вештачка интелигенција, поради автоматското прилагодување на светлината. Свесна за значењето на отпорноста на уредот на дожд и прашина, кога се работи за телевизори за надворешна употреба, компанијата Samsung се здоби со IP55 сертификат за отпорност на дожд и прашина од Меѓународната електро-техничка комисија.
„UL потврдата за видливоста на приказот на отворено, која што ја доби The Terrace телевизорот, овозможува корисниците ширум светот уште повеќе да уживаат во искуството на гледање содржини на телевизор. Како лидер во индустријата на телевизори, Samsung продолжува да ги поместува границите на технолошката иновативност, прилагодувајќи ги производите според новите и претстојни животни стилови на корисниците,“ изјави Yong Hoon Choi, извршен потпретседател на одделението за визуелни дисплеи на компанијата Samsung Electronics.
Поврзани артикли