Со години на нив се гледа како на совршено решение за преминување кон чисто електрични автомобили

Се разбира, станува збор за plug-in хибриди (PHEV), но проблемот е што тие обично не се користат како што треба. Резултатот се рефлектира во невообичаени разлики во однос на економичноста и емисиите помеѓу лабораториското тестирање и реалниот сообраќај.

Според германските истражувачи, plug-in хибридите трошат повеќе фосилни горива и испуштаат до четири пати повеќе јаглерод диоксид во реалниот сообраќај, а причината е несоодветната експлоатација на електрoмоторот од страна на возачите.

Тим истражувачи од Институтот за иновации во Фраунхофер анализирал податоци за потрошувачката на гориво во реален сообраќај и растојанијата поминати во период од една година на 100.000 plug-in хибриди управувани во САД, Канада, Кина, Германија, Холандија и Норвешка.

Откриено е дека емисијата на CO2 на plug-in хибридите во просек е помеѓу 50 и 300 грама по поминат километар, што е до четири пати повеќе од номиналната емисија утврдена со тест циклуси, без разлика дали се работи за WLTP или NEDC стандардот.

Очигледно, официјалните претпоставки во врска со секојдневното возење во однос на поминатото растојание и полнењето на батериите со помош на надворешни извори биле премногу оптимистички, бидејќи повеќето возачи скоро никогаш не ги полнат автомобили преку полнач, а батериите ги празнат многу порано.

Веројатно знаете, plug-in хибридните возила обично комбинираат мотор со внатрешно согорување со минимум еден електромотор, кој се напојува од батерија што може да се полни додека возите или преку надворешен полнач.

Теоретски, треба да се искористи најдоброто од двата света, што значи трошење на многу помала количина гориво од конвенционален автомобил, со многу поголем опсег во споредба со чисто електрично возило.

Истражувачите велат дека бидејќи повеќето возачи на PHEV скоро никогаш не ги полнат своите батерии во текот на дневната рутина, што во повеќето случаи резултира со возење во хибриден или чист SUS режим, што негативно влијае на ефикасноста.

Заклучокот на студијата е дека не треба априорно да се биде против популаризација на plug-in хибридите, но потребно е да се мотивираат возачите почесто да ги полнат батериите преку надворешни извори, бидејќи само на тој начин можат да се исползува целосниот потенцијал на овој вид на возило.