Информациите за Samsung Galaxy S21 FE телефонот продолжуваат да се појавуваат, а најновиот 3C сертификат ни нуди потврда дека телефонот ќе користи Samsung EP-TA800 полнач.
Овој полнач нуди максимално 25W и присутен е веќе некое време – се испорачува со Galaxy Note10 серијата. Останува да се види дали споменатиот полнач ќе биде дел од пакувањето на Galaxy S21 FE телефонот или ќе се купува засебно. Актуелниот Galaxy S20 FE доаѓаше со 15W полнач.
Се очекува дека S21 FE, како и својот претходник, ќе има 4500mAh батерија. Верзијата на телефонот со 5G поддршка ќе го покренува Snapdragon 888 чипсет, а не е познато дали ќе постои и верзија со Exynos чипсет.
Телефонот ќе има 4GB RAM, како и 6.41-инчен 120 Hz Super AMOLED дисплеј. Дизајнот ќе биде позајмен од Galaxy S21 серијата.
Поврзани артикли