Германската канцеларка Ангела Меркел го претстави првиот квантен компјутер инсталиран во Германија од американскиот компјутерски гигант IBM, додека Европа е активна во унапредувањето на оваа ветувачка технологија.
Компјутерот „Q System One“ е инсталиран во близина на Штутгарт во соработка со германски експерти и работи од април.
Тоа е првиот квантен компјутер на групата IBM надвор од САД.
– Германија е меѓу најдобрите во истражувањето на квантната технологија и има намера да остане така – рече канцеларката која за време на студиите напишала теза за квантна хемија.
Квантната технологија се користи за многу моќни компјутери поради физичките својства на исклучително малите честички.
Наместо „битови“ кои се користат за класичните компјутери, квантниот свет користи „кјубитови“ кои можат да направат неколку работи паралелно и тоа многу брзо.
Поврзани артикли