Двајца вработени во Seavus ги споделуваат своите искуства за тимско работење во компанијата, по повод Meet up настанот – Open Day Бања Лука, што се одржа на 15 јуни.
Канцеларијата на познатата меѓународна компанија за програмерски и консултантски услуги, Seavus, во Бања Лука на 15 јуни го одржа Meet up настанот – Open Day Бања Лука, на кој беше презентирано како работи тимот за развој на компанијата, како изгледа да се соработува тесно со различни ИТ експерти и кои се тековните и идните проекти.
Сите заинтересирани ИТ-професионалци можеа да се придружат на овој Отворен ден и да го запознаат тимот на Seavus, да дознаат повеќе за технологиите што се користат, за проектите на кои работат и да слушнат за отворените работни позиции во моментов. За сите оние кои ги интересираше како изгледа работната атмосфера во Seavus, ова беше најдобрата шанса да се научи од искуствата на различни членови на тимот.
Говорници на настанот беа Мирослав Поповиќ, технички раководител и Тихомир Будиќ, Сениор програмер, кои работат во канцеларијата на Seavus во Бања Лука. И двајцата работат во динамичен, интересен и функционален тим, на прилично тешки проекти за клиенти кои доаѓаат од гејминг индустријата и онлајн игрите на среќа.
„Еден од најголемите предизвици за мене е веројатно тоа што се гледам себеси како дел од поголемиот тим. Ми требаше време да се навикнам да работам со многу луѓе, бидејќи во најголемиот дел од мојата кариера бев индивидуален програмер или работев со мал тим. Бев внимателен кога ги искажував своите мислења и споделував идеи, но наскоро сфатив дека проектите и тимовите можат драстично да се подобрат ако имаме одлична комуникација и кога членовите на тимот се надополнуваат едни со други“, вели техничкиот раководител во Seavus, Мирослав Поповиќ.
Според него, најважен момент што влијае на зголемената продуктивност и успешното извршување на задачите е тимската работа и заедничкото дружење меѓу колегите. „Casual атмосферата и забавниот работен амбиент во Seavus го отстранува стресот од вработените и во многу случаи предизвикува зголемен фокус преку мотивација и заеднички тимски ангажман. Се обидуваме да одржиме средина што не е стресна и да си помагаме едни на други. Низ нашата редовна комуникација постојано се провлекува хуморот. Се разбира, имаме професионален однос кон клиентите, но секогаш се обидуваме да го разбиеме мразот и да одржуваме опуштена атмосфера“.
Слична претстава за атмосферата и тимскиот дух во компанијата има и Тихомир Будиќ, сениор програмер во Seavus. „Основниот принцип на нашиот успешен ангажман е довербата. Во нашата компанија имаме доверлив лидер, aka Seavus Camel или техничкиот раководител, Мирослав Поповиќ. Тој работи напорно за да покаже добро лидерство, се грижи за луѓето, за тоа како се чувствуваат и дали се во ред, трудејќи се да обезбеди да имаме продуктивен ден“.
Во поглед на работењето од дома и на далечина за време на ковид-кризата, Поповиќ го истакна високото ниво на продуктивност и одговорност на вработените. „Јас лично сум многу продуктивен кога работам на далечина. Пред Seavus, работев на далечина подолго време, па претпоставувам дека сум навикнат на тоа. Далечинското работење значи и дека не треба да патувам за да работам. Тоа е уште еден час до час и половина од времето што можам да го потрошам на други активности. Од друга страна, ова значи и помалку време за дружење со колегите во живо, потврдување на претпоставките и размена на идеи. Хибридната работа во иднина треба да нѝ помогне да најдеме рамнотежа помеѓу овие крајности“, вели Поповиќ.
„Дистрибуираното работно место на иднината е сега, и за мене лично, оваа ситуација го продолжува мојот ангажман на работа“, додава програмерот Будиќ.
Техничкиот раководител Поповиќ објаснува и што значи да се работи на аутсорсинг проекти. „Одлично е да имате можност да работите на различни типови проекти и разни домени. Никогаш не бев љубител на стекнување длабоко знаење и развој во еден единствен домен. Како програмери, нашиот домен е развој на софтвер, па повеќе би сакал да бидам експерт за развој, наспроти експерт за домен. Сепак, не го делат сите моето мислење, и за среќа, во Seavus имаме избор. За луѓето кои преферираат експертиза на домени, постојат специфични оддели за домен, како банкарство и телекомуникации. За другите, постојат технолошки дивизии, како што се Oracle и Microsoft. Покрај домените, постои можност да испробате разни технологии. Во последните четири години играв со различни платформи, од десктоп, преку веб и мобилни платформи, од монолитни до микросервисни архитектури, од серверски до хостирани услуги во Cloud и едноставни сценарија за градење и примена. На крајот, тука се и клиентите. Имаме шанса да ги истражуваме проблемите со кои се соочуваат и да добиеме благодарност за добро завршената работа. Проектите за нови клиенти значат и нови тимови. Имав задоволство да работам со многу одлични луѓе, и внатре и надвор од Seavus“, нагласува Поповиќ.
Во однос на тоа што треба да очекуваат програмерите со пристапувањето во Seavus, Поповиќ ја нагласува опуштената атмосфера и минималниот, или никаков притисок. „Кога има пречки, работиме на нивно отстранување како тим. Нашите колеги се тука да помогнат, а и ние исто така. Го споделуваме нашето знаење без два пати да размислиме и разбираме дека трансферот на знаење е секогаш двонасочна улица. За гринфилд-проектите што ги започнуваме од нула, секогаш ја бираме најновата можна технологија, па дури и да ги преминеме границите на нашето сегашно знаење, бидејќи тоа нѝ помага да научиме нови работи и да растеме. За браунфилд-проектите што ги наследуваме, ги анализираме и се обидуваме да донесеме стратегија за надградба и подобрување што ќе му ја претставиме на клиентот. Се трудиме да бидеме консултанти за нашите клиенти, да донесеме подобра вредност на долг рок, но и да избегнеме да бидеме заглавени во наследниот код и застарената технологија без шанси за подобрување“.
Слично размислува и програмерот Будиќ: „Во досегашните ангажмани сретнав одлични луѓе и вредни работници, секој ден го „црпам“ знаењето од нив и многу сум мотивиран во работата. Поради тоа, мислам дека секој што вака размислува и сака да се приклучи на Seavus, би бил почестен да биде дел од овие тимови“.
Поврзани артикли