Според информациите, цената на биткоинот се зголемил за 10,2 проценти синоќа откако извршниот директор на Tesla, Елон Маск, објави на Twitter дека овој производител на електрични возила повторно може да прифати плаќање за набавка на автомобил со оваа криптовалута, но во иднина
На тргувањето во неделата во 23:09 часот по источно време, биткоинот зајакна за 10,2 проценти на 38.903,23 долари, покажуваат податоците на Коиндеск. Од почетокот на годината, најстарата дигитална банкнота во светот пораснала за повеќе од 30 проценти, иако нејзината сегашна цена е далеку под историскиот рекорд од 64.829,14 долари достигнат во април, пренесува CNBC.