Samsung Galaxy Z Fold3 минатата недела влезе во масовно производство. Гласините споменуваа дека флексибилниот телефон би можел да биде објавен во текот на јули, но сега нов извештај сугерира дека ќе биде објавен на 27. август, заедно со Galaxy Z Flip3.

Оваа информација ја објави дојавувачот Џон Просер, кој тврди дека Samsung пред двата флексибилни телефони ќе објави нови паметни часовници – Galaxy Watch4 и Watch Active4. Тие ќе бидат објавени на 11. август. Меѓутоа, Просер напоменува дека ова нема да бидат датумите на претставување на иредите, туку нивните испораки на пазарот.

Samsung се уште ништо не објави за споменатите флексибилни уреди и паметни часовници, а  Max Weinbach од сајтот Android Police верува дека јужнокорејската компанија на 3. август ќе ги претстави Galaxy Z Fold3, Galaxy Z Flip3, Galaxy Watch4 и Galaxy Watch Active4.