Facebook објави нови функции кои пристигнуваат на Messenger, преку најновото ажурирање. Во разговорите се додадени нови теми, претставени се подобрувања за Facebook Pay и додадена е опција за брзо одговарање на медија фајловите во разговорот.
Трите нови теми вклучуваат Olivia Rodrigo стикери, World Oceans Day тема и F9 – Fast and Furious 9 тема.
Facebook Pay добива подобрувања кои плаќањето го прават полесно и посигурни, посебно за оние кои примаат уплати од клиенти и непознати корисници. Корисниците сега имаат можност за употреба на QR кодови и линкови за плаќање.
Опцијата за полесно одговарање за мултимедијални пораки има Quick Reply Bar во дното на фотографијата и ќе им биде позната на оние кои ги користат „stories“ функциите на различните фотографии.
Новите измени пристигнуваат на Messenger и Facebook апликациите за Android и iOS.