Samsung на годинашниот MWC во Барселона ќе одржи виртуелна презентација. Се очекува дека јужнокорејската компанија на 28. јуни ќе го одржи Galaxy Experience настанот, во текот на кој ќе го открие најновиот Galaxy екосистем, нови искуство за паметните часовници и мобилната сигурност.
Се очекува дека од компанијата ќе дознаеме повеќе детали за новите Galaxy паметни часовници, кои сега ќе бидат објавени со Wear OS платформа.
Според официјалниот опис, Samsung внесува новитети во паметните часовници, создавајќи нови можности за програмерите и потрошувачите. Исто така, ја подобрува сигурноста и ги охрабрува луѓето во својот екосистем на поврзани уреди и услуги, пружајќи им на корисниците „избор, слобода и можности“.
Останува да се види дали компанијата во текот на настанот ќе ги прикаже Galaxy Watch 4 и Galaxy Watch Active 4, чија целосна објава се очекува со Galaxy Z линијата флексибилни телефони.